| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарецот Кунг светски шампион во спуст

patrik-kueng-615x400
Швајцарскиот скијач Партик Кунг победи на синоќешната спуст трка што се возеше на патеката во Бивер Крик во рамките на Светското првенство во алпско скијање. Тој до златниот медал стигна со време – 1:43.18 минута. Ова за него е трета победа во кариерата по првите места во Светскиот куп остварени во Венген (2014 – спуст) и во Бивер Крик (2013 – супервелеслалом).

Сребрениот медал му припадна на Американецот Тревис Генонг, додека бронзата ја освои Беат Фојз од Швајцарија. На трката потфрлија фаворитите за медалите пред скијачите од Норвешка Аксел Лунд Свиндал и Кјетил Јансруд.
За Швајцарија ова е прва титула светски првак во спуст по триумфот на Бруно Кернен во Сестриере 1997 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top