| четврток, 6 декември 2018 |

Претепани средношколци во Скопје

trojca-tetovci-i-dvajca-policajci-povredeni-vo-masovna-tepachka-100180

Седум средношколци сите на 16 и 17 годишна возраст, вчера биле претепани од петчлена група во близина на автобуската постројка на улицата Васил Аџиларски, во Скопје. Како што информираат од МВР, натепаните ученици, учеле во Средното медицинско училиште.

Петчлената група ги пресретнала на постројката каде стоел автобус на ЈСП со број 50 и почнале да ги удирааат со клоци и тупаници во пределот на главите и телата.

Од физичкиот напад средношколците се здобиле со видливи повреди-црвенила и отоци во пределот на главите. Три од лицата можни сторители полицијата ги повикала на разговор, а по расчистувањето на настанот ќе следуваат пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top