Киев ќе испрати во зоната на воените операции во источна Украина оклопни транспортери Спартан способни да уништуваат тешка оклопна техника и хеликотери. Тоа синоќа го соопшти украинското МВР.
Припадници на единицата Азов добиле шест оклопни возила Спартан опремени со софистицирано оружје способно да уништува хеликоптери и тешко оружје.
– Денес тие машини се тука, а утре ќе бидат на прво место со екипажите што ќе ги задолжат. Нашата филозофија е следната – максимално да се засилат тие единици кои се најдобро-оспособени и да им се обезбеди можност да извршуваат воени задачи, – нагласи украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.