Навремената и вистинска интервенција на надлежните на централно и локално ниво придонесоа штетите во поплавеното битолско подрачје да не се големи во делот на куќите, но се големи на земјоделските површини.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Новаци, каде по обилните врнежни се излеа Црна Река.
-Се сретнав со доста мештани што живеат тука и сите истакнаа дека вистинска и навремена реакција постоеше особено со доаѓањето на помошта од Владата и од заедничкото спојување со локалниот кризен штаб. Една од клучните одлуки беше да се пресече патот, односно да се направи расцеп низ патот за водата наместо во селото Новаци да отиде на друга страна во земјоделските површини затоа што штетите ќе беа уште поголеми доколку стотици куќи се поплавеа тука, луѓето остане без домови на улица, без својата покуќнина и без средства за работа, изјави премиерот.
Тој додаде дека денеска има мало намалување на нивото на водата во поплавените подрачја, меѓутоа најавата за нов бран врнежи остава мала загриженост.
-Пред овдешното доаѓање бев на состанок со Кризниот штаб, каде ги разгледувавме сите детали и од она што се случи во изминатите денови, но и очекувањата за наредните денови. Според информации што ги имаме од УХМР се очекува во наредните денови да нема некои значителни врнежи на дожд, можеби малку на снег, што треба да не остави будни во целата оваа ситуација затоа што опасноста не е помината. тоа е дополнителна причина да бидеме мошне внимателни и да видиме што може и што треба да прави Кризниот штаб, на локално, но и владиниот кризен штаб, како во ситуацијата во битолско, истакна Груевски.
Тој потенцира дека се што можеше Владата да направи во овој период направи и додаде дека механизација од секаков тип и се друго што може на некој начин да се стави на располагање ќе биде ставено на располагање.
Смета дека штетите во земјоделството ќе бидат многу големи во овој регион.. Водата е се уште на нивите и не може да се направат првичните проценки. Треба да се повлече и ќе се види што од земјоделските површини ќе остане, а што ќе биде уништено.
-Секако дека Владата ќе излезе со помош. Тука нема дилеми. Ние сме излегувале со помош и во многу помали ситуации, поплави и слично, а камо ли во една вака поголема ситуација, рече премиерот и ги потсети земјоделците на воведената можност од Владата за осигурување на земјоделските посеви од поплави и природни катастрофи при што од државата се покриваат 60 проценти од трошокот, а која многу малку се користи. Секако дека Владата ќе даде една делумна помош меѓутоа доколку земјоделците стекнат навика во иднина да се осигуруваат со оваа помош што ја дава Владата треба да го дадат за осигурување, изјави премиерот.
Тој во Новаци посети и една од куќите која е поплавена од надојдените води на Црна Река.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски