| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија не прифаќа светски поредок со еден безусловен лидер

Русија не прифаќа светски поредок со еден неприкосновен лидер кој смета дека може да прави сѐ, а другите само она што ќе им дозволи тој,  изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Интерфакс.

„Околу тоа, дека против нашата земја се води војна. Војна, фала му на Бога, нема. Но, апсолутно е точно дека има обид да се задржи нашиот развој со различни средства, има обид да се „замачка“ постојниот, воспоставен во последниве децении по распадот на Советскиот Сојуз светски поредок на чело со еден неприкосновен лидер кој сака да остане во својство на таков. Сметајќи дека нему му е дозволено сѐ, а на другите само она што тој ќе го дозволи, и само во негов интерес. Русија никогаш нема да се согласи со таков светски поредок – рече Путин во Сочи на конгресот на Федерацијата на независни синдикати на Русија.

Тој призна дека антируските санкции ѝ нанесуваат определена штета на земјата, меѓутоа крајниот исход не може да биде ефективен кога станува збор за таква држава како што е Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top