| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензиската на „Макпетрол“ во Илинден

makpetrol

Две непознати маскирани лица, од кои едниот вооружен со пиштол, утринава околу 2 часот извршиле разбојништво на бензинската пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден.

На вработениот му го впериле пиштолот во главата и од работната торба му одзеле околу 50.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top