| четврток, 6 декември 2018 |

Боцевски: Грција е експлицитна дека не сака Македонија да постои

Грција е експлицитна дека тие не сакаат Македонија да постои и тоа не е поврзано со ова што во моментов се случува во Македонија, смета политичкиот аналитичар Ивица Боцевски.

За време на неговото гостување во емисијата на Миленко Неделковски, Боцевски истакна дека постојат серија показатели коишто укажуваат на тоа дека Грција се уште до крај не ја признава македонската државност.

– Неврзано со ова што се случува во моментов Грција е експлицитна дека тие не сакаат Македонија да постои, значи тие немаат проблем да праќаат сигнали дека во нивен национален интерес е тие да имаат повторно граница со Србија, тоа е факт. Нив Македонија како земја не им е потребна, тие не само што го спорат името туку постојат една серија показатели коишто укажуваат на тоа дека Грција се уште до крај не ја признава македонската државност, единствена земја сосед на Македонија којашто никогаш во историјата не реализирала самит на највисоко ниво, средба на шефови на држави е Грција, посочи Боцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top