Општина Аеродром соопшти дека донела одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди и поплавите што зафатија поголем број подрачја во Македонија.
– Со цел да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 1.000.000 денари, кои ќе се спроведат со посредство на Црвениот крст на Република Македонија, се вели во соопштението.
Општината истакнува дека одлуката ќе се примени по добиеното позитивно мислење од Министерството за правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи