| четврток, 6 декември 2018 |

СБ на ОН го поздрави продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина

sovet-za-bezbednost-na-oon4Членките на Советот за безбедност на Обединетите нации го поздравија денеска продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина и изразија загриженост поради насилствата од неодамнешните протести на Косово.

– Со должна почит за протестите, да бидеме сосема јасни: сите граѓани имаат демократско право да протестираат, но насилствата се нелегални и неприфатливи. Ги осудуваме сите акти на вандаллизам над јавниот и приватен имот, заплашување на новинари и телевизиски екипи, рече претставникот на САД во ОН.

Тој додаде дека е неприфатливо примена на сила против „верници“ каква што беше видена за православен Божиќ близу Ѓаковица, ммислејќи на каменувањето автобус со Срби.

Престојот на премиерот на Србија на Косово за православна Нова година тој го оцени како чекор кон нормализација на односите. Претставникот на САД ги пофали Белград и Приштина поради посветеност во продолжување на дијалогот и иазрази надеж дека состанокот в понеделник во Брисел ќе има резултати. Претставниици на Беританија, Франција и Русија укажаа на значење за формирање на Специјалниот суд за процесуирање на злосторства на ОВК на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top