Лидерите на ЕУ планираат следната недела да побараат воведување построго контролирање на границите, со цел да се спречи влегување на странски борци.
– Потребно е итна заштита на граѓаните. Мора подобро да се искористат средствата кои веќе ги имаме и дополнително да ги развиваме, се наведува во соопштението.
Лидерите, исто така, ќе побараат следење и отстранување на содржините на интернет, кои промовираат тероризам, како и воведување на нови проекти во борбата против тероризмот на Блискиот исток и северноафриканските земји.
ЕУ ја зајакна борбата против тероризмот по нападите во Франција минатиот месец и започна серија полициски операции против граѓани кои заминуваат во странство за да им се приклучат на џихадистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.