| четврток, 6 декември 2018 |

Мeркел и Оланд пристигнаа во Москва

merkel olandГерманската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска допатуваа во Москва каде ќе се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин и ќе разговараат за решавање на судирот во Источна Украина, што трае 10 месеци.

Меркел пред да замине за Москва истакна дека иницијативата на Берлин и на Париз за решавање на украинската криза има за цел одбрана на „европскиот мир“.

– Станува збор за нашите интереси, германско-француските, а посебно за европските интереси… станува збор за европскиот мир, посочи Меркел.

Таа додаде дека не знае дали денеска ќе биде постигнат договор со Путин или „можеби ќе биде потребно уште да се разговара“.

– Не знаеме дали ќе имаме долги или кратки разговори во Москва или ќе бидат тоа последни разговори. Ние можеме да правите само тоа што може да го реши овој конфликт и посебно да ставиме крај на крвопролевањето, истакна германската канцеларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top