Седумгодишно дете се удави во кумановско Никуштак откако го повлекла надојдена вода. Според првичните информации, 7-годишниот Алмир се движел со својот брат, кој е постар една година. Во еден момент сакале да преминат преку надојдената вода, но напливот на водата од ридот во близина ги повлекол двете деца.
Поголемото братче успеало да се спаси, додека 7-годишниот Алмир се удавил во надојдената вода.
Од полицијата повеќе детали најавуваат по завршувањето на увидот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.