– Граѓаните што сакаат да му помогнат на настраданото население во поплавите во Македонија, можат да донираат парични средства преку телефонските броеви на Црвениот крст на Македонија – апелира Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Струга.
Таа појаснува дека е собрано огромно количество средства за хигиена и пакети со вода за пиење, а населението од поплавените региони има потреба и од друга помош.
– Бидејќи е собрано големо количество вода за пиење и средства за хигиена што ги покрива потребите на населението што е поплавено, апелирам до сите заинтересирани правни субјекти и граѓани дополнително да се вклучат и со обезбедување парична помош преку донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 – вели секретарот на струшкиот Црвен крст Адуриме Даути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.