| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија приватна и државна „деветка“ кај Клинички

Приватен и државен автобус на линијата девет се судрија денеска попладне на булеварот „Мајка Тереза“ кај Клинички центар. Поради судирот запре сообраќајот на овој потег и се направи метеж од двете страни на булеварот пред болницата.
Во моментов автобусите се тргнати од улицата, а сообраќајната полицијата сѐ уште е таму и врши увид во сообраќајната незгода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top