| четврток, 6 декември 2018 |

Сосема обични херои – При­каз­ни од пи­то­ми­от за­пад

Пред не­кол­ку ме­се­ци пог­ла­ва­рот на ИВЗ, ре­ис-ул-уле­ма Су­леј­ман Ре­џе­пи, пре­диз­ви­ка сил­ни ре­ак­ции кај јав­но­ста ко­га Ма­ке­дон­ци­те со мус­ли­ман­ска ве­ро­ис­по­вед, Тор­бе­ши­те, Тур­ци­те чиј­што мај­чин ја­зик е ма­ке­дон­ски­от и оста­на­ти­те од гру­па­та што ја спом­на ре­и­сот во обид да би­дат ал­ба­ни­зи­ра­ни, беа на­ре­че­ни ве­штач­ки или лу­ѓе што пра­ктич­но не по­сто­јат. Де­но­ви­ве од ед­на од ло­ка­ци­и­те ка­де што тие жи­ве­ат по до­ли­на­та на ре­ка­та Ра­ди­ка до ме­не пре­ку ин­тер­нет стиг­наа не­кол­ку при­каз­ни со кои са­мо уште ед­наш се по­твр­ду­ва де­ка и вер­ски­те ли­де­ри и по­ли­ти­ча­ри­те, ка­ков што са­ка да ста­не ре­џе­пи, не мо­жат да го ур­нат тоа што се гра­де­ло со ве­ко­ви

При­каз­на број 1: Спа­се и се­ла­ни­те од Jан­че

Гла­вен актер во оваа таж­на, но, се­пак, по­зи­тив­на при­каз­на е Спа­се Ги­гов­ски. Спо­ред лич­на кар­та жи­тел на Скоп­је, но ре­ал­но се­ла­нец од ме­сто­то што во ма­ке­дон­ска­та јав­ност е поз­на­то по епи­зо­да­та „Чи­ста зем­ја“ од се­ри­ја­та „Мо­ја­та чу­дес­на Ма­ке­до­ни­ја – истра­жи ја Ма­ке­до­ни­ја“ што акте­рот Вла­до Јо­ва­нов­ски ја сни­ми во поз­на­ти­от ре­сто­ран „Ту­то“ во се­ло­то Јан­че. Спа­се, кој е ро­ден во ова пи­то­реск­но се­ло сме­сте­но на два­е­се­ти­на ки­ло­ме­три од Де­бар на па­тот кон Ма­вро­во и на­та­му кон Скоп­је или Охрид, се­пак, не е глав­ни­от хе­рој во оваа при­каз­на. Спа­се, кој по пен­зи­о­ни­ра­ње­то се пре­се­лил во Јан­че и кој не­кол­ку де­на пред Но­ва го­ди­на не­о­че­ку­ва­но по­чи­на, ста­на сим­бол на тоа што на­ви­сти­на зна­чи со­жи­вот и то­ле­ран­ци­ја , тол­ку раз­лич­но од она што ка­ко та­кво ни се про­да­ва со де­це­нии од цен­та­рот на Скоп­је или на Те­то­во.

Па­тот што го по­вр­зу­ва се­ло­то со ре­ги­о­нал­ни­от пат кон Ма­вро­во е долг око­лу еден ки­ло­ме­тар. По­ра­ди го­ле­ми­те снеж­ни на­но­си на де­нот ко­га Спа­се го на­пу­штил овој свет, па­тот не бил про­о­ден и по­сто­е­ла го­ле­ма опас­ност тој со де­но­ви да оста­не во сво­е­то род­но се­ло, не­за­ко­пан во сог­лас­ност со вер­ски­те оби­чаи. За тие што не­до­вол­но ги поз­на­ва­ат лу­ѓе­то во овој крај и за лу­ѓе­то за­тво­ре­ни во сво­и­те на­ци­о­нал­ни, вер­ски или ур­ба­ни ге­та, тоа би би­ло ре­ал­на опас­ност. Но, не и за лу­ѓе­то што жи­ве­е­ле со Спа­се и кои со не­го го де­ле­ле до­бро­то и зло­то, осо­бе­но во пос­лед­ни­те де­се­ти­на го­ди­ни отка­ко тој за­ми­нал во пен­зи­ја и се пре­се­лил во Јан­че. Во не­ви­де­на­та сце­на, за ко­ја не­кол­ку­ми­на чле­но­ви на не­го­ва­та по­ши­ро­ка фа­ми­ли­ја ве­лат де­ка мо­же да се ви­ди са­мо на филм, за по­ло­ви­на ден не­кол­ку сто­ти­ни се­ла­ни од Јан­че са­ми го ис­чи­сти­ле па­тот до ку­ќа­та на единс­тве­ни­от по­сто­јан жи­тел, пра­вос­ла­вен хри­сти­ја­нин. Се слу­чи­ло не­што што е не­за­мис­ли­во во све­тот во кој жи­ве­ат тие што ја има­ат мо­ќта да вли­ја­ат врз ма­ке­дон­ски­от вред­но­сен си­стем, на на­чи­нот на кој се при­ка­жу­ва со­ли­дар­но­ста и со­жи­во­тот.

Ма­жи, же­ни, де­ца и стар­ци, ду­ри и ста­ри ба­би над 70 го­ди­ни, ле­ун­ки и бол­ни – си­те со ло­па­ти­те в ра­це го ис­чи­сти­ле и го отво­ри­ле па­тот за по­греб­но­то во­зи­ло со кое Спа­се Ги­гов­ски, во сог­лас­ност со жел­ба­та на не­го­во­то се­мејс­тво, бил од­не­сен во не­го­ви­от ве­чен дом на скоп­ски­те гро­би­шта во Бу­тел. Во исто вре­ме тие не­свес­но ја отво­ри­ја и вра­та­та на на­деж­та де­ка, осо­бе­но вер­ски­те ли­де­ри, се­пак, не­ма тол­ку лес­но да мо­жат да ги зло­у­по­тре­бат сѐ по­и­зра­зе­ни­те по­дел­би ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. А, Спа­се Ги­гов­ски не бил су­пер­хе­рој ни­ту тај­кун кој вра­бо­ту­вал сто­ти­ци ра­бот­ни­ци, ту­ку са­мо оби­чен спо­де­лу­вач на ма­ки­те на се­ла­ни­те на Јан­че и чо­век што се­ко­гаш бил под­го­твен да им по­мог­не на сво­и­те со­се­ди.

Од­лу­ка­та во ак­ци­ја­та за чи­сте­ње на па­тот до се­ло­то не пад­на­ла за­тоа што Спа­се бил пра­вос­ла­вен хри­сти­ја­нин или за­тоа што не­го­ви­от чич­ко Дра­ган, бо­реј­ќи се за ос­ло­бо­ду­ва­ње на овој дел од Ма­ке­до­ни­ја во 1944 го­ди­на, за­ги­нал ка­ко пар­ти­зан, ту­ку за­тоа што бил чо­век. Тоа е про­сти­от и ло­ги­чен од­го­вор на пра­ша­ње­то зо­што це­ло се­ло цел ден ги оста­ви­ло на стра­на сво­и­те об­вр­ски и на ми­нус 7 сте­пе­ни влег­ло во би­тка со сне­гот и со мра­зот.

Во зем­ја во ко­ја су­до­ви­те се за­ни­ма­ва­ат со сто­ти­ци ил­ја­ди туж­би за спо­ро­ви во кои лу­ѓе со го­ди­ни се бо­рат за ме­ѓа, три ква­драт­ни ме­три двор­но ме­сто или ко­рии во не­до­стап­ни шум­ски пре­де­ли, при­каз­на­та за Спа­се има и ре­ли­ги­оз­но, и на­ци­о­нал­но, и по­ли­тич­ко, но, пред сѐ, чо­веч­ко зна­че­ње.

 

 

При­каз­на број 2: Фе­но­ме­нот Ве­ле­бр­до

Ин­фор­ма­ци­ја­та за тоа ка­кви оби­чаи вла­де­ат во се­ло­то Ве­ле­бр­до во оп­шти­на­та Ма­вро­во – Ро­сту­ше не е но­ва. Таа на лу­ѓе­то во Дол­на Ре­ка им е поз­на­та со де­це­нии, но вре­ди да се спом­не во овој кон­текст. Ако им ја рас­ка­же­те на не­кои од жи­те­ли­те од оста­на­ти­те се­ла во овој ре­ги­он, не­ма да ги из­не­на­ди­те за­тоа што слич­но не­што се слу­чу­ва и кај нив. Но, ако ја спо­де­ли­те со лу­ѓе од го­ле­ми­те гра­до­ви, ка­де што одам­на е за­гу­бе­но чув­ство­то за со­ли­дар­ност, це­лос­но ќе ги збу­ни­те. Оваа при­каз­на е кра­тка и има вер­ски ка­ра­ктер, но со­се­ма раз­ли­чен од тој што ло­гич­но би го оче­ку­ва­ле. Во те­кот на есен­ски­те ме­се­ци, ко­га нај­че­сто жи­те­ли­те во Ве­ле­бр­до се снаб­ду­ва­ат со др­ва за огрев, се слу­чу­ва не­што што би го збу­ни­ло се­кој што не е од тој крај. За са­мо не­кол­ку ми­ну­ти отка­ко ка­ми­о­нот или тра­кто­рот на­то­ва­рен со др­ва за огрев ќе стиг­не пред не­ко­ја од три­те ку­ќи во кои жи­ве­ат пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни, та­му ве­ќе е со­бра­на це­ла „че­та“ од ло­кал­ни жи­те­ли кои со се­ки­ри и оста­на­ти по­ма­га­ла не са­мо што ги исто­ва­ра­ат др­ва­та, ту­ку и ги се­чат и ре­дат, це­лос­но под­го­тву­вај­ќи ги за прет­стој­на­та зи­ма. Нив ни­кој ни­ко­гаш не ги ви­ка на по­мош, тие ед­но­став­но до­а­ѓа­ат и ја за­вр­шу­ва­ат ра­бо­та­та за ко­ја еден чо­век ќе по­тро­ши не­кол­ку не­де­ли. Ни­кој не са­ка да об­јас­ну­ва зо­што се слу­чу­ва тој фе­но­мен и зо­што тол­ку вни­ма­тел­но и тол­ку не­се­којд­нев­но чо­веч­ки се чу­ва вер­ско­то мал­цинс­тво во Ве­ле­бр­до. Тоа ед­но­став­но мо­ра да се слу­чи и се слу­чу­ва, е од­го­во­рот на пра­ша­ње­то кој ги ор­га­ни­зи­ра лу­ѓе­то да дој­дат и да по­мог­нат.

 

 

При­каз­на број 3: Ал­бан­ски­от орел на Мел­нич­ки мост

Prikazni-od-pitomiot-zapad-2Авто­рот на овој текст, кој жи­вее во ме­ша­на ет­нич­ка сре­ди­на, со го­ди­ни се пра­шу­ва зо­што ни­кој не го скр­шил ал­бан­ски­от орел што е по­ста­вен на чеш­ма­та ло­ци­ра­на на де­се­ти­на ме­три од еден од нај­го­ле­ми­те мо­сто­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Све­до­кот на мно­гу гра­фи­ти во кои се ба­ра „Смрт за Шип­та­ри“ или „Нож за ка­у­ри“ не мо­же да раз­бе­ре ко­ја е тај­на­та што го чу­ва од де­мо­ли­ра­ње ал­бан­ски­от орел вре­жан во ка­ме­нот на чеш­ма­та пред не­о­дам­на це­лос­но ре­но­ви­ра­ни­от и освет­лен Мел­нич­ки мост на пет ки­ло­ме­три пред Де­бар на кр­стос­ни­ца­та што во­ди кон оп­шти­на­та Цен­тар Жу­па. Не за­тоа што са­ка да се слу­чи тоа, ту­ку за­тоа што во си­ту­а­ци­ја ко­га ра­ди­кал­ни при­пад­ни­ци на си­те за­ед­ни­ци па­лат зна­ми­ња на „спро­тив­ни­от та­бор“ или уни­шту­ва­ат сѐ што им при­па­ѓа на „дру­ги­те“, ка­ме­ни­от орел оста­ну­ва да жи­вее иа­ко се на­о­ѓа на ме­сто на кое лес­но мо­же да би­де уни­штен, без ре­чи­си ни­ка­ква опас­ност евен­ту­ал­ни­от ван­дал да би­де откри­ен.

 

 

Има ли Ма­ке­до­нија до­вол­но ви­стин­ски хе­рои?

Спо­ред при­каз­ни­те што овие де­но­ви до­а­ѓа­ат пре­ку „Скајп“ и „Ви­бер“ до авто­рот на овие ре­до­ви, Ма­ке­до­ни­ја има до­вол­но раз­бра­ни и чес­ни лу­ѓе од си­те на­ци­о­нал­но­сти и ве­ри кои не­ма да доз­во­лат ха­зар­де­ри, ка­ко пог­ла­ва­рот на ИВЗ, да ја втур­нат зем­ја­та во нов цик­лус ин­тен­зив­на не­до­вер­ба и на­силс­тво. Се­пак, хе­ро­и­те од Јан­че и од Ве­ле­бр­до што не приз­на­ва­ат де­ка се хе­рои са­мо за­тоа што по­ста­пи­ле чо­веч­ки, не­у­ни­ште­ни­от ал­бан­ски орел на Мел­нич­ки мост, не се до­вол­ни за Ма­ке­до­ни­ја да би­де це­лос­но без­бед­на од не­ра­зум­ни лу­ѓе кои не са­ка­ат да го ви­дат тоа што е спро­тив­но на нив­ни­те мрач­ни пла­но­ви за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја. Овој текст тре­ба да го про­чи­та­ат и тие што ве­ру­ва­ат во со­жи­во­тот и тие што ра­бо­тат про­тив не­го. Да­ли ќе са­ка­ат да ги при­фа­тат или ба­рем да раз­мис­лат за по­ра­ки­те во не­го е дру­го пра­ша­ње.

 

Пишува: Горан Момироски
(Текст објавен во 125. број на неделникот Република, 23.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top