Владина делегација, предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска учествува на бизнис-форум во Њујорк.
Бизнис-форумот е организиран во соработка со магазинот „Форбс“ и претставува одлична можност за претставување на условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија, соопшти кабинетот на вицепремиерот Пешевски.
Во состав на владината делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк