Српската мегаѕвезда Цеца реши да си даде заслужена одмор и да се посвети целосно на нова љубовна афера. Папараци успеале да ја фатат Цеца на една од најегзотичните дестинации во светот, Тајланд.
Пејачката е фатена како излегува од тиркизните води на Тајландскиот Залив, во оскуден златен костим за капење од последната колекција на „Долче и Габана“.
Според нивни извори, пејачката, сепак, не е сама, туку е придружувана од мистериозен господин. Кој е мажот до неа е најдискутираната тема во Србија и има многу претпоставки за неговиот идентитет. Едно е сигурно, мистериозниот господин дефинитивно не е Србин, туку е од некоја од соседните балкански држави и е многу помлад од неа.
Но, како и повеќето детали поврзани со нејзиниот приватен живот, така и сега, Цеца ревносно го чува од медиумите идентитетот на мажот, кој го освоил нејзиното срце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



