Златко Д.(59), Васко Д.(42) и Благој Д.(40), сите од с.Ѓавато, се тројцата работници што вчера наутро во фабриката „Балкан Гас“ за производство на плински боци загинаа во пожарот што го зафатил објектот по експлозија на гас.
Со изгореници од прв, втор и од трет степен по целото тело се здобил В.М.(40) од Богданци, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, од каде што поради карактерот на повредите е препратен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Во содејство со јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


