| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ: Путин не е аутист

kremyl-putin-ne-e-autist-284146

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не страда од Аспергеров синдром, изјави за „Газета“ неговиот секретар Дмитриј Песков. Тој изјави дека оваа информација е глупост, која не заслужува коментар.

Вчера „Ју-Ес-Еј тудеј“ напиша дека Владимир Путин страда од Аспергеров синдром. Изданието се повикува на најновото истражување на Пентагон, според кое, невролошкиот развој на Путин во голема мера било прекинато во детството, што довело до Аспергеров синдром.

Во меѓувреме, германското издание „Билд“ пишува дека посетата на германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд во Москва значи дека Владимир Путин победил во украинскиот конфликт. Во изданието сметаат дека во сегашната фаза, претседателот на Украина, Петро Порошенко, е подготвен да се откаже од некои територии, а главната причина за победата на Путин е неговото огромно влијание, што ги прави западните политичари немоќни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top