| четврток, 6 декември 2018 |

Откажувањето на двата мотори е причина за уривањето на авионот во Тајван

авион

Патничкиот авион на компанијата „Транс Азија“, кој се урна во река во Тајван, имал проблем со двата мотори само 37 секунди по полетувањето, соопшти денеска тајванската Комисија за воздухопловна безбедност.

Преслушувањето на „црната кутија“ од авионот открила дека пилотите забележиле оти едниот мотор „нема доволно потисна сила“ веднаш по полетувањето од аеродромот во Тајпеј, уште додека авионот се наоѓал на височина од 400 метри.

Снимените разговори во пилотската кабина покажуваат дека набргу потоа, без моќност останал и вториот мотор, па пилотот очајнички се обидел да се извлече од ситуацијата со исклучување, па повторно покренување на еден од двата мотори, но не успеал во тоа.

Само 72 секунди по последната порака со која се бара помош„ авионот се урна во реката Келунг.

Истрагата на тајванските авионски власти сега треба да ја утврди причината за откажувањето на двата авионски мотори.

Авионот леташе од Тајпеј за островот Кинма. Во него имаше 58 патници и членови на екипажот. Засега има 35 загинати, но бројката на жртвите сѐ уште не е конечна. Вкупно 15 лица во авионот го преживеаја неговото уривање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top