Иако дијагностицирањето болести со помош на Гугл најчесто е карактеристика на хипохондриците, сепак Седи Рејнс од Велика Британија благодарејќи на популарниот пребарувач открила дека има рак на јајниците, откако лекарите заклучиле дека страда од синдром на иритабилни црева.
Имено, Седи (23) првпат почуствувала здравствени проблеми кога отпатувала во Австралија. Болките во стомакот и запекот биле првите симптоми, но таа тоа го припишала на промената на исхраната и новото опкружување. Сепак, здравјето и се влошувало, а редовните прегледи покажувале дека се е во ред.
По враќањето во Велика Британија лекарите и дијагностицирале „синдром на иритабилни црева“ и и препишале лекови. Но, откако видела дека и по примањето на лековите не и е подобро, таа „побарала помош“ од Гугл и открила дека има симптоми на рак на јајници.
Повторните прегледи потврдиле дека навистина има рак на јајниците во четврт стадиум, а лекарите и рекле дека и остануваат една до две години живот.
Иако прогнозите не се позитивни, Седи е оптимистка и преостанатото време одлучи да го посвети помагајќи им на другите. Таа им порачува на младите да се грижат за своето здравје, а со нејзиниот сопруг почнале да прибираат пари за фондацијата „Teens Unite Fighting Cancer“ и собрале повеќе од 35.000 фунти, кои ги донирале на гинеколошко одделение во болницата „Ројал Марсден“ каде што таа се лекува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.