| четврток, 6 декември 2018 |

Поради поплавите во северна Грција, евакуирани две населени места

грција

Властите во областа Еврос во северна Грција евакуираа две населени места по течението на реката Марица по интензивните врнежи, кои предизвикаа поплави во регионот. 

Операцијата била преземена откако насипите покрај коритото на Марица се урнале, што довело до поплавување на селото Лагина.

Властите превентивно ги евакуираа и жителите на Порос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top