| четврток, 6 декември 2018 |

Седумдесет години од раѓањето на легендарниот Боб Марли

Тој се стекна со уште поголема популарност кога Ерик Клептон го одбработил нивниот хит „I Shot The Sheriff", а кога во 1966 година Јамајка ја посети царот на Етиопија Хајле Селасије целиот бенд ја прифатил растафаријанската вера

2-pozitivni-citati-od-bob-marli-i-letna-rege-lista-www.kafepauza.mk_

Еден од најголемите реге музичари на сите времиња Боб Марли е роден на денешен ден пред 70 години и сиромашниот дел на главниот град на Јамајка, Кингстон.

Тој својата кариера ја почнл во 1962 година, а една година подоцна го формирал составот „The Waillers“ а нивната прва песна „Simmer Down” набрзо стана хит во Јамајка. 

Марли ја презел улогата на лидер во групата, какоо главен тексописец и автор на музика, а првиот албум групата го објавила во 1965 година. На вториот албум „Burnin” од 1973 година се наоѓаат класиси како „I Shot The Sheriff“ и „Get Up, Stand Up”

Тој се стекна со уште поголема популарност кога Ерик Клептон го одбработил нивниот хит „I Shot The Sheriff”, а кога во 1966 година Јамајка ја посети царот на Етиопија Хајле Селасије целиот бенд ја прифатил растафаријанската вера.

Посебно интересна година за Марли е 1975 година, кога неговиот бенд го објавува третиот студиски албум на кој се наоѓаат хитовите „No Woman, No Cry” и „Revolution”.

Боб Марли починал од рак во 1981 година, кога имал само 36 години и уште е најпознат музичар од Јамајка.

По неговата смрт целиот свет беше во тага, а над илјадници луѓе присустувале на неговиот погреб. Постхумно е одликуван со Орден на чест на Јамајка.

И денес секој година љубителите на делото на Марли се собираат за да ја одбележат годината на неговото раѓање и годината на неговата смрт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top