| четврток, 6 декември 2018 |

Американците праќаат Балканци да се борат во Украина

amerikanci-prashtat-balkanci-da-se-biqt-v-ukraijna-284122

Околу 200 жители на балкански држави се борат во Украина, пренесуваат агенциите. Според извор на руската агенција, американска воена фирма собира жители на Југоисточна Европа, кои учествуваат во борбите против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Според воениот стручњак, наведуваат од ТАСС, деловите под команда на украинскиот претседател Петро Порошенко, добиваат поддршка претежно од хрватски државјани. Против проруските сепаратисти, исто така, војуваат и членови на Армијата за ослободување на Косово (ОВК ), додал изворот на руската агенција.

Денес проруските сепаратисти и владините делови склучија примирје. Прекинот на огнот ќе трае до 17 часот по македонско време. Целта на примирјето е да биде спроведена евакуација на мирните жители на градот Дебалцево, пренесоа светските агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top