| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејн: САД се виновни што Украина користи касетни бомби

­ Претседавачот на американскиот сенатски одбор за оружени сили, Џон Мекејн, изјави дека САД се виновни што Украина користи касетни бомби, пренесе „Танјуг“.

Мекејн призна дека Украина користи касетни бомби бидејќи не е снабдена со различни видови вооружување. ­

– Сметам дека да ги снабдувавме со вооружување кое им беше потребно, тие не ќе мораа да користат касетни бомби. Тоа делумно е наша грешка – рече Мекејн.

„Хјуман рајтс воч“ ги потврди во извештај дека во ноември минатата година тврдењата на населението во Донецк и Луганск дека украинските сили користеле касетна муниција во населените подрачја.

Организацијата соопшти дека украинските сили користеле касетна муниција на 2 октомври при гранатирање на Донецк, кога загинал и припадник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top