| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска интензивен дожд и ветер до 70 км/ч, од понеделник студено

poroen-dozd1-540x272Утрово имаме облачно време со локални врнежи. Дува умерен, на места засилен  југоисточен  ветер. Во Охрид на моменти достигнува брзина до 60 км/ч.

Утринската температура во седум часот се движеше од 1 до 12 степени и тоа:

1 Маврово, 3 Крушево и Лазарополе, 4 Тетово, 5 Прилеп, 6 Скопје-З.Рид, 7 Охрид, Битола, Кр.Паланка, Куманово и Кавадарци, 8 Скопје-Петровец и Берово, 10 Дојран, 12 Штип, Д.Капија, Гевгелија и Струмица.

Во текот на денот времето ќе биде облачно со дожд, а на планините снег. Локално се очекува да наврнат 25 л/м2 воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во источните делови од земјава. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер (повеќе од 70км/час) од југоисточен правец, особено во источните делови.. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со дожд и со умерен, на моменти засилен југоисточен ветер.. Температурата ќе достигне до 9 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет Од понеделник времето ќе биде студено со засилен северен ветер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top