Во новооткриени древни египетски списи, стари повеќе од 1200 години пишува дека Исус Христос можел да биде невидлив и да менува облици. Овие списи биле откриени во 1910 година, а до сега бил во сопственост на бизнисменот Џеј Пи Морган.
Во списите пишувало дека Исус покрај тоа што ја претворал водата во вино, одел по вода, имал моќ да биде невидлив и да менува облици. Исто така во списите се наведувало дека Јуда го бакнал Исус за да го обележи.
„Евреите му рекле на Јуда: Како ќе го уапсиме кога не постои негов единствен лик. Понекогаш е црн, понекогаш е бел, понекогаш црвен, а понекогаш во боја на жито. Понекогаш е млад, а некогаш старец“, пишува во списите.
Професорот по историја на христијанството Ролоф ван ден Брок од универзитетот во Утрехт, кој ја превел списата напоменува дека ни самиот автор на текстот, свети Кирил од Ерусалим најверојатно не верувал во вистинитоста на овие наводи.
„Луѓето во тоа време, дури и кога биле образувани, немале критички став кон историските факти. Чудата за нив биле можни“, смета професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исус користел канабис за лекување и исцеление
-
Бавна и болна смрт: Медицината откри како починал Христос распнат на крстот
-
За православните хирстијани денеска е најтажниот празник, Велики петок, денот кога е распнат Исус
-
Чудо во Ерусалим – знак од небото: Во времето на отворањето на Христовиот гроб затрубеле ангели!


