Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојните места, а по клисурите и усеците е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес, информираат од Македонија пат.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Струга, Крушево и на планинскиот превој Пресека. На Попова Шапка, Маврово и планинскиот превој Ѓавато провејува слаб снег.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автопатите лизгалишта, директорот на „Македонија пат“ задоволен (фото – видео)
-
Предупредување за возачите: Влажни коловози и снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево
-
АМСМ препорачува внимателно возење: Намалена видливост кај Стража
-
„Македонија пат“ апелира: Да не се паркира на патот Маврови Анови-Маврово-Леуново


