Членовите на бендот „Тумбао салса“ – Петар Ренџов, Сенад Усеин, Алек Секуловски, Горан Гешовски, Марко де Одорико, Билјана Ѓошева, Мартина Христовска и Арсо Јаневски, кои веќе неколку години успешно ја пренесуваат позитивната енергија од една далечна култура, ќе пробаат преку својата музика да ни ги донесат кубанските палми песок и море во Универзална Сала, а на македонската публика да и приредат врвно концертно уживање.
Спојот на салса и македонскиот мелос се покажа како добитна комбинација , а како резултат на позитивниот фидбек од публиката настана албумот „Бела Салсита“ на кој се наоѓаат 11 нумери, од кои неколку преработки на стари македонски песни, неколку авторски и една преработка на стара кубанска мелодија.
Концертот е закажан за 4 март, а на 10 фебруари во ресторанот „Пелистер“ ќе има и официјална промоција на материјалот од албумот, 30 минутен видео материјал снимен во клубот „Миднајт“ како и најава за се она што ќе се случува во Универзална Сала на почетокот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


