| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Русија и Германија се поважни од САД

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека за него односите со Русија и со Германија имаат поголем приоритет од односите со САД, објави денеска бриселскиот портал „Евроактив“.

– Ако сакаме траен мир и безбедност за Унгарија, тогаш тоа мора да го решаваме со две сили што се силно и долгорочно присутни во Средна Европа – изјави Орбан.

Според Орбан, САД се важен партнер, но нивната позиција често зависи од внатрешната политичка ситуација, како и дека не е сигурен колку тежина Вашингтон дава на регионот.

Изјавата на Орбан доаѓа во време на заладени унгарско-американски односи откако премиерот се најде на критики од највисоките претставници на американската администрација, кои го обвинија за задушување на демократијата и поттикнување корупција.

САД минатата година ставија неколку функционери од партијата на Орбан Фидес на црната листа на лица, на кои е забрането издавање визи поради сомнеж за учество во корупциски афери.

Орбан сѐ почесто се наоѓа на критика и во ЕУ, поради добрите односи со Русија и ставот дека рестриктивен, „илиберален“ модел на демократија, како што владее во Русија и во Кина би бил подобар за Унгарија од системот што владее во повеќето европски држави. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top