Вчера вечер во присуство на голем број пријатели, обожаватели и на подржувачи на Европскиот шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе, премиерно беше прикажан филмот за сезоната 2014 година, во која за првпат македонскиот автомобилист се закити со титулата европски шампион во катерогија 1, трки организирани од страна на ФИА.
Премиерата на филмот „Патот до европскиот врв – Почеток“, исполнет со автентични снимки од сезоната и сведоштва од луѓето заслужни за успехот на Иџе, ја проследија повеќе од 300 посетители, а за првпат киносалата во „Синеплекс“ беше преполна и на скалилата на самата сала.
Игор Стефановски – Иџе е спортистот, кој ја одбележа 2014 година. Остварувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот автомобилизам со освојувањето на шампионатот на ридски патеки во категорија 1, прогласувањето за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, прогласувањето за „откритие на сезоната” се само потврда и најава за добрата содржина на документарецот кој наскоро ќе биде проследен на некоја од националните телевизии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.