Тројца се загинати во ексползијата што утрово се случи во Богданци, во фабриката за плински боци „Балкан гас“, потврдуваат од Регионалниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Тие потврдуваат дека има три жртви, но не наведуваат колкумина се повредени. Деталите за пожарот ќе бидат соопштени подоцна.
Велат дека сè уште се работи на локализирање на пожарот поради специфичноста на материјалите кои се произведувале во фабриката.
На терен интервенираат противпожарни служби, а има и екипи на Брза помош и на полицијата, како и јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.