| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Чарлс пред венчавката со Дајана: Не можам да го направам тоа!

Гледано од оваа дистанца, венчавката на принцот Чарлс и на леди Дајана изгледа како грешка.

princ carls i dajana

Така барем произлегува од најновата, неавторизирана биографија на британскиот престолонаследник во која пишува дека ден пред венчавката најстариот син на Елизабета Втора бил повеќе од нерешителен. Според изјавите на сведоци, на 28 јули 1981 година, тогаш 29-годишниот Чарлс бил „очаен“, пренесуваат странски електронски медиуми.

Идниот младоженец се жалел на своите блиски дека тој „не може да го направи тоа“. Тоа што не го знаел е дека и Дајана се премислувала.

„Не можам да се омажам за него. Тоа е невозможно“, наводно ова им го кажала Дајана на своите сестри бидејќи уште тогаш се сомневала дека Чарлс е во врска со Камила.

Церемонијата, како што е добро познато, сепак е одржана.

Чарлс и Дајана ги добија двата сина и во брак останаа цели 15 години, и покрај скандалите и изневерувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top