| четврток, 6 декември 2018 |

Три жртви во експлозијата во фабрика за плински боци во Богданци?

Силна експлозија која резултираше со голем пожар утрово околу 9 часот избувна во фабриката за плински боци „Балкан гас“ во Богданци.

Во моментот на местото јавен обвинител врши увид, а од СВР Струмица за „Република“ засега немаат информации за повредени или можни жртви.

– Во моментов се врши увид. Добивме дојава за пожарот од непознато машко лице. Сѐ уште немаме информации за повредени лица – вели за „Република“  Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

Според извори на телевизијата „Канал 5“, во експлозијата има три жртви и неколку повредени. Двајца од загинатите се повозрасни мажи, а трите жртви во експлозијата се жители на село Ѓавато. Повредените со возила на итна помош се пренесени во болница. Наводно во фабриката имало 15 вработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top