| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон: Путин има ментално нарушување со аутистичен карактер

Putin-says

Истражувачки центар на Пентагон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин страда од синдромот на Аспергер – ментално нарушување со аутистичен карактер, што се одразува врз сите негови одлуки, пишува американскиот весник „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Весникот успеал да добие копија од истражувањето на експертската група, направено уште во 2008 година.

Во него се цитира Бренда Конорс, која е експерт за анализа на човечките моторички особености на американскиот поморски колеџ во Њупорт. Според неа, невролошки развој на Путин бил нагло прекинат во неговото детство. Истражувајќи ги неговите движења, таа доаѓа до заклучок дека рускиот претседател има невролошка аномалија.

Весникот го добил истражувањето и извештајот, на негово барање, поднесено врз основа на Законот за слобода на информациите. Во извештајот се вели дека истражувачите не можат да ја докажат својата теорија за Путин и неговиот Аспергеров синдром бидејќи немаат можност да направат скенер на мозокот на рускиот претседател. Тие  цитираат експерти за аутизам, како поткрепа за своите наоди.

Putin_Obama_rtr_img

Не е познато дали Пентагон или службениците на американската администрација,заземале став во врска со извештајот. Се цитира мислењето на д-р Стивен Порџис, професор по психијатрија на Универзитетот во Северна Каролина, според кого „Путин има форма на аутизам“.

Но, самиот Порџис вчера изјавил дека никогаш не го видел завршениот извештај и не би го поддржал тврдењето дека Путин има Аспергеров синдром.

Професорот од Северна Каролина смета дека, за да се анализира однесувањето на Путин, тој треба  да биде виден во помирни ситуации, бидејќи неговото однесување и изразите на неговото лице откриваат човек кој манифестира заштитни реакции, кога се наоѓа меѓу многу луѓе. Иако ова се знаци, карактеристични за Аспергеровиот синдром, тие можат да бидат забележани и кај индивидуи на кои им е тешко да останат смирени во социјално опкружување и имаат низок праг на реактивност.

– Ако сакате да го анализирате, тоа не треба да се случи на голема државна манифестација, туку на потивки места, најдобро во амбиент „четири очи“ – истакнува проф. Порџис, цитиран од „Ју-Ес-Еј тудеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top