Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ќе има тешка задача да направи подвиг и да се пласира на Европското првенство во 2017 година, откако се најде во третата група во друштво на силните селекции на Франција, Украина, Шкотска, Исланд и Северна Ирска. Ждрепката во Нион не ни донесе среќа, а сигурен пласман на ЕП во Полска носи само првото место.
Во квалификациите ќе играат 52 репрезентации распоредени во девет групи. Победниците од секоја од групите обезбедуваат директен пласман на ЕП 2017 во Полска. Четирите најдобри второпласирани репрезентации ќе играат бараж мечеви, а победниците ќе настапат на шампионатот во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.