| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во фабрика за полнење плински боци во Богданци

позарни

Експлозија во фабриката за полнење плински боци Богданци, утрово ги потресе жителите на Богданци.

Eксплозијата се случила во Плинарата „Балкан Гас“ околу 9 часот, по што настанал голем пожар, додека темен чад почнал да се издигнува во висина и до два километра на небото над Богданци.

Екипи на противпожарната заштита се на терен и се обидуваат да го локализираат. Засега нема информации за повредени.

-Во моментов се врши увид. Добивме дојава за пожарот од непознато машко лице. Сѐ уште немаме информации за повредени лица – вели за „Република“  Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

Ова е втор голем пожар во Богданци, откако пред нешто повеќе од еден месец изгоре православната црква „Св. Атанасиј Велики“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top