| четврток, 6 декември 2018 |

Награди за македонски готвачи на гастрономски фестивал во Истанбул

Готвачи од „Романтик хотели“  Велес  освоија два  пехара на 13. Интернационален истанбулски гастрономски фестивал 2015 година, во организација на  Турската асоцијација на готвачи.
Како што информира Славче Ефтовски, управител на „Романтик хотели“ тие на фестивалот учествувале во две категории и во двете се закитија со пехари, со што, вели, на вистински начин ја презентираа Македонија.
– Во категорија тимско практично натпреварување, тимот на „Романтик хотели“, во состав Руска Ајтова, Горан Митев и Евгенија Јошевска, приготви мени од ладно предјадење, главно јадење, десерт и во конкуренција од 22 тима го освои престижното прво место и го доби  пехарот за најдобар тим во таа категорија. Во категоријата паста, Евгенија Јошевска приготви домашни равиоли и во конкуренција од 24 натпреварувачи го освои третото место и бронзен медал – нагласи Ефтовски.
На 13. Интарнационален инстанбулски гастрономски фестивал што се одржа од 28 до 31 јануари, годинава, учествуваа екипи на готвачи од  31 земја од светот, меѓу кои и екипата готвачи од  „Романтик хотели“ како претставници на Македонија.
На гастрономската манифестација, која се одвиваше во преку 20 категории, се натпреваруваа околу 2.000  готвачи од 31 земја во светот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top