| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава храмот на Аполон во Атина

Грчката агенција за приватизација објави на оглеас дека се продава храмот на Аполон, археолошката атракција која се наоѓа на плажата во Атина во еден хотелски комплекс. Инаку, за посета на храмот потребна е дозвола на сопственикот на хотелот.

apolon

Граѓанското движење „Алтернативна акција за квалитетен живот“ се спротистави на продажбата и побара од Владата, пратениците, политичките партии и судските власти да реагираат.

Движењето бара забрана за приватизација и продажба на археолошки храмови, инфраструктура, шуми и плажи. Археолошкиот храм на Аполон е откриен во 1926-27 година.
Аполон е гршки бог на светлината, музиката и медицината и присутен е во гршкат аи римската митологија. Секогаш е претставен како идеал за здраво, складно развиено и убаво момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top