Стефон Кари постигна 51 поен во победата на Голден стејт против Далас маверикс со 128-114 и тоа е трет најдобар индивидуален ефект сезонава во НБА-лигата.
Голден стејт имаше 22 поени разлика, но го имаше и Кари, кој игра извонредно сезонава. Воините станаа само седмата екипа во историјата на НБА-лигата со двајца кошаркари кои во иста сезона постигнале 50 или повеќе поени. Клеј Томпсон веќе оствари ефект од 52 поени, а тој го држи и рекордот со најмногу постигнати поени (37) во иста четвртина.
Импресивен настап имаше и Расел Ветсбрук за Оклахома и со 45 поени ги предводеше Тандерс до триумф против Њу Орлеанс од 102-91.
Добра партија забележи и нашиот Перо Антиќ, а Атланта хокс почна нова триумфална серија. По прекинот на низата од 19 едноподруго победи, „јастребите“ ноќеска го победија Вашингтон со 105-96. Антиќ постигна 9 поени, комбинирани со шест скока.
Резултати: Атланта – Вашингтон 105-96, Бостон – Денвер 104-100, Јута – Мемфис 90-100, Индијана – Детроит 114-109, Торонто – Бруклин 93-109, Хјустон – Чикаго 101-90, Милвоки – ЛА лејкерс 113-105 (по прод.), Минесота – Мајами 102-101, Њу Орлеанс – Оклахома 91-102, Сан Антонио – Орландо 110-103, Голден стејт – Далас 128-114.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.