Церемонијата се случила во тесен круг, во домот на Џони Деп, во Лос Анџелес. Таа се одржала уште во вторникот, но дури сега се дознава во јавноста.
Анонимен извор, кој присуствувал на склучувањето на бракот, коментирал: „Џони и Амбер беа едноставно прекрасни!“
Претходно беше соопштено дека свадбата ќе се одржи на 7 ми февруари на Бахамите. Можно е тоа сепак да се случи и на повторената церемонија се очекува да присуствуваат околу 50 одбрани гости.
Меѓу присутните ќе бидат родителите на Херд и децата на Деп од неговиот претходен брак со француската пејачка и актерка Ванеса Парада, 15годишната Лили, Роуз Мелоди и 12 годишниот Џек.
51 годишниот Деп и 28 годишната Херд, се запознаа во 2011 година за време на снимањето на филмот „Дневниците на еден пијаница“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
Од солзите ништо не гледав: Актерот проговори за депресијата, разводот, зависноста
-
Што се случува со убавецот од Холивуд: Џони Деп изгледа ужасно, фановите загрижени (галерија) (видео)
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата







