| четврток, 6 декември 2018 |

„Трето полувреме“ на фестивал во Прага со голема традиција

Филмот „Трето Полувреме” на режисерот и сценарист Дарко Митревски ќе биде прикажан на филмскиот фестивал Фебиофест во Прага, Чешка, во рамките на програмата „Балкански ритми”.

трето полувреме

Фебиофест е многу популарен филмски фестивал во Чешка со 20 годишна традиција. Овој фестивал освен во Прага, независно се одржува и во Словачка.

„Трето Полувреме” се прикажуваше вчера, денес и утре и ќе има уште три проекции низ останатите градови во Чешка.

На фестивалот присуствуваат главниот актер Сашко Коцев и продуцентот Роберт Насков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top