| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени Џони Деп

Холивудскиот актер Џони Деп (51) во вторникот се ожени со својата девојка, 28-годишната Амбер Херд. Двојката се венчала во нивниот дом во Лос Анџелес, а свадбената веселба е најавена за овој викенд на Бахамите, на островот што е во сопственост на Деп.

Џони и Амбер се запознаа на снимањето на нивниот филм „Дневникот на румот“ во 2011 година. Во јуни 2012 година Деп објави дека ја раскинал 14-годишната врска со Ванеса Паради, со која имаа две деца. Во декември истата година, тој и Амбер се свршија.

Ова е втор брак за Деп, кој беше венчан со шминкерката Лори Ен Елисон од 1983 до 1985 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top