Знаме на Исламската држава се вееше вчера на куќа во селото Горна Маоча, во околината на Брчко во Босна и Херцеговина. Ова е првпат такво одбележје на екстремистичка група да се развиори на Балканот, на само 150 километри од Белград. На покривот на куќата, чиј сопственик не е познат, е поставено знаме, на прозорците биле поставени уште две знамиња на Исламската држава, а по фасадата биле исцртани обележја на терористичката организација. На прозорците се исцртани симболи на џихадистите. И на други објекти во истото село се забележани симболи на исламската држава.
Горна Маоча кај Сребреница е седиште на на вехабистичката заедница. Жителите се речиси десет години под полициска истрага и шпионските агенции поради сомневање дека се поврзани со тероризмот. Во Горна Маоча често престојувал Билал Босниќ, кој по заминувањето на Нусрет Имамовиќ во Сирија, ја презел функцијата водач на салафиското движење во БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија


