| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел го засилува притисокот врз Грција

evraЕвропската централна банка го засили притисокот врз Грција и реши повеќе да не ги прифаќа грчките обврзници со кои би се заменил грчкиот надворешен долг, со што товарот е пренесен врз Атина, а Грчката централна банка е принудена да ги финансира банките.

Како што пренесува „Ројтерс“, на тој начин Грција ќе се изолира додека не постигне нов договор за пакетот реформи.

Оваа одлука значи дека Грчката централна банка ќе мора да им обезбеди на банките дополнителни десетина милијарди евра во следните недели, наведува агенцијата.

Одлуката на Европската централна банка следува само неколку часа откако грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се состана со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, во Франкфурт.

Еврото во средата навечер нагло падна во однос на доларот поради одлуката на Брисел, која стапува во сила од 11 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top