| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска сонце, утре повторно пороен дожд

dozdВремето во Македонија ќе биде сончево со мала, до умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со умерен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Југозападниот ветер ќе продолжи да дува и денеска и ќе предизвика топење на постојната снежна покривка.

Нов поинтензивен влажен бран од врнежи претежно од дожд, локално и со над 25 литри на метар квадратен ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат и поројни и проследени со засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Потоа следува период на постудено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец во овој период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top