| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се обиде со домат да го погоди чешкиот претседател

Czech Republic Velvet Revolution Anniversary

Средовечен маж денеска се обиде со домат да го погоди чешкиот претседател Милош Земан при неговата посета на местото Јирков во северниот дел на земјата.

Човекот е уапсен од страна на полицијата на самото место и ќе одговара прекршочно.

Според Земан се работи за мал инцидент.

– Бев информиран дека нападот е извршен од еден локален будала, кој е сместен овде во хостел – изјави Земан.

Мажот, кој го искористи моментот кога Земан излегуваше од зградата на локалната самоуправа извикувајќи „За Републиката” го фрли доматот, но не погоди никого.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top