-Синот на Зоран Верушевски не успеал да го искрши компјутерот. Така полицијата успеала да дојде до најголем дел од материјалите со кои располага како докази во аферата Пуч, јави Сител повикувјаќи се на неофицијални информации добиени од истрагата.
Според телевизијата сопругата на Верушевски, пред да биде извршен претресот телефонски му се јавила на синот веднаш да го искрши компјутерот. Тој зел секира и почнал да удира по него. Сепак не усепал да го уништи хард дискот. Полицијата го запленила и успеаа од него да ги извади материјалите.
Телевизијата, повикувајќи се на извори од истрагата посочи дека постојат цврсти докази за соработката на провосомничениот Верушевски со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Дента кога беше приведен Зоран Верушевски требало да се одржи средба помеѓу него и Зоран Заев. Соработник на Заев го чекал Верушевски на влезот во Струмица но средбата била откажана откако разбрале дека Верушевски е приведен.
По апсењето на Верушевски имало неколку обиди да се достави покана до неговата сопруга, но таа не била пронајдена и не се појавувала на работното место. Била добиена наредба да се заплени нејзиниот компјутер и таа да биде приведена. Полицијата ја пронајде во домот на соработникот на Заев, Бранко Палифров во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Талевски притвор, за Верушевски не мора – Катица повторно како ќе и се посака
-
За што да се фати криминалецот ако не за фустанот на побратимот
-
Заев заборави што лаже: Велеше дека не го познава Верушевски, а маршираше рамо до рамо со него
-
Заев за „Глобал“, Верушевски и Костовски за „Пуч“ не поднеле барање за прекин на аболицијата



