| четврток, 6 декември 2018 |

ИД убила најмалку 50 луѓе поради навреди кон Бога, шпионажа или странски борци

Исламска држава убила 50 луѓе оваа година во Сирија поради обвинувања дека нанеле навреди кон Бога, шпионирале или дека се странски борци.

Меѓу последните е јордански пилот кого вчера жив го запалиле, соопшти денеска опозициската Сириска организација за човекови права. Тие тврдат дека џихадистите тие луѓе ги обезглавиле или пукале во нив. Исламска држава обезглави неколкумина Британци, Американци и двајца јапонци.

Екстремистичката сириска група Нусра Фронт поврзана со Ал Каеда, убила шест луѓе, а други бунтовнички групи убиле 20 луѓе.

Исламска држава која прогласи калифат на територии во Сирија и Ирак кои се под нејзина контрола, убила од јуни до ноември лани, 1.432 заробеници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top