Вчера околу 18.00 часот на бул. „Партизански Одреди“ настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу две групи на лица, Е.М.(19), Љ.И.(19) од една страна и З.Р.(31), Ш.И.(29) и Е.А.(23) од друга страна сите од Скопје.
Во тепаката повредено било едно лице, Љ.И. се здобил со расекотина на нозете од остар предмет најверојатно нож. На истиот му е укажана лекарска помош во Градската болница „8-ми Септември“ каде му е констатирана телесна повреда.
Од страна на СВР Скопје излезено е на местото на настанот и во близина пронајдено е огнено оружје пиштол, истиот е предаден за вештачење.
Лицата се приведени, по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се работи на утврдување на идентитетот на евентуално и други лица инволвирани во настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.